Инспирацијата за основање на Портофино дојде спонтано. Почувствувавме потреба за квалитетен простор во кој луѓето ќе можат да уживаат во храната и пијалокот буквално со сите сетила.

Приказната започна со осмислување на ентериерот. Почетната точка беше дека не сакаме да правиме компромиси, ниту да импровизираме, бидејќи околината во која гостинот ја доживува храната и пијалокот е всушност финалниот допир на вкусот кој ќе му остане во сеќавање.

Со внимателно проектирање на ентериерот се обидовме да приредиме доживување за сите сетила и да создадеме совршена, пријатна атмосфера за секој гостин. Ваше е само да се посветите на хедонистичкото уживање.

Создавањето на менито не беше сведено на пишување список со оброци, туку повеќе наликуваше на пишување вкусна поезија. Нашиот гастрономски тим кој секојдневно ќе биде задолжен за задоволување на Вашите апетити не сакаше да остави ништо на случајот. Безброј зготвени порции и модификации на рецептите не доведоа до она кое денес го имаме како мени на Портофино.

Убавината е во тоа што со текот на времето, Вие ќе бидете креаторите на менито. Нашиот менаџерски тим сака внимателно да го слушне Вашето мислење за храната, да ги запознае Вашите вкусови и во сезонските промени да ги вклучи Вашите забелешки - сѐ со цел Вие да го чувствувате Портофино како простор во кој ќе бидат задоволени сите Ваши хедонистички потреби.

to top button